Македонците посегнаха и на Никола Вапцаров

Все се опитвам да съм много толерантна, но всяко нещо си има граници. Отправям апел към всичките си приятели от братска Македония, всички трезвомислещи техни съграждани, да спрат тези набези на македонското правителство и македонските медии! НИКОЛА ВАПЦАРОВ Е БЪЛГАРСКИ ПОЕТ и подобно посегателство към историята на България е недопустимо!!!

Галина Асенова, Фейсбук

Повод за това мнение е следния материал:

Бугарскиот европратеник Евгени Кирилов денеска во Европскиот парламент во Брисел организира конференција по повод 70 години од убиството на македонскиот поет Никола Јонков Вапцаров. Скандалозно е тоа што Вапцаров ќе го претстават како бугарски поет, иако познато е дека поетот беше стрелан во софиска касарна за време на Втората светска војна, и дека себе се нарекувал Македонец.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, со помош на групата на Социјал-демократската партија во ЕП, пратеникот Кирилов ја организира оваа конференција со наслов "Што ќе ни дадеш историјо од твоите пожолтени страници", при што ќе бидат читани поемите на Вапцаров.

Покрај Кирилов, на оваа конференција е најавено учество и на друго европратеници и бугарски дипломати, историчари и поети, како и на Никола Вапцаров, внук на поетот, при што шпанскиот писател Мануел Муњоз Идалго ќе говори за посланијата на поетот.

Евгени Кирилов е познат како бугарски политичар со изразени антимакедонски ставови, чија помошничка во Европарламентот беше и познатата Спаска Митрова, која беше судена за граѓански спор со својот поранешен сопруг во Македонија. Провокациите на антимакедонски теми од Кирилов се бројни во ЕП и последнава со држење на конференција за македонскиот поет се третира како таква, па македонски дипломати и пријатели на Македонија од европскиот законодавен дом и воопшто од земјите-членки на ЕУ, се очекува истата да ја избегнат.

www.vecer.com.mk

Няма коментари:

Публикуване на коментар